Поднесено ново обвинение против Максим Димитриевски
Поднесено е ново обвинение против градоначалникот на Општина Куманово и кандидат за претседател од движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“, Максим Димитриевски.
Димитриевски од ОЈО Куманово добил покана да се јави во Обвинителството бидејќи е обвинет за кривично дело „Неизвршување на судска одлука“, а засега не е познато кој е подносител на кривичната пријава.
-Притисоците не престануваат туку како и што очекував се интензивираат. Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда а ќе има и мир а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем, напиша Димитриевски