Погба се избори со коронавирусот и повторно тренира со тимот
Во моментов Погба е целосно здрав, но неговото учество на натпреварот од второто коло во Премиер лигата против Кристал Палас на 19 септември е доведено во прашање. „Црвените ѓаволи“ денеска требаше да играат со Барнли во првото коло, но натпреварот беше одложен.
– Погба пропушти неколку тренинзи поради коронавирусот, но никогаш не му требало долго да влезе во форма. Се надевам дека е подготвен за следниот викенд, но не сум 100% сигурен, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.