Поглаварот на ИВЗ Фетаи: Смртта на папата Франциск загуба за мирот во светот
Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи изрази сочувство на социјалните мрежи по повод смртта на папата Франциск.
-Веста за смртта на Папата Франциско не потресе и го дочекавме со жалење и тага. Католичкиот свет и човештвото загубија голем човек со исклучително влијание во развојот на светските настани. Тој посебно му посвети внимание на мирот меѓу луѓето и придонесе силно во меѓуверскиот дијалог со цел, јакнење на меѓусебното разбирање и почитување и мирот во светот, стои во објавата на фејсбук профилот на ИВЗ.
Исламската Верска Заедница изразува искрено сочувство до Католичката црква во Република Северна Македонија, на поглаварот, Монсињор, Киро Стојанов, на потесното семејство на Папата и на државата Ватикан, се посочува понатаму во постот на претседателот на ИВЗ НА РСМ – Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи објавен на фејсбук профилот на ИВЗ.