Покана за инаугурацијата на Трамп добил и Арбен Таравари како лидер на владеачката Алијанса на Албанците

Претседателот на Алијансата за Албанците (АСХ) и министер за здравство Арбен Таравари е поканет да учествува на церемонијата на инаугурација што ќе се одржи на 20 јануари 2025 година (понеделник) во Вашингтон. објaвија медиуми на албански јазик повикувајки се на извор од партијата на чие чело е Таравари.

Таравари ќе биде гостин на инaугурацијата покрај премиерот Христијан Мицковски кој ке биде придружуван од шефот на дипломатијата Муцунски.

Учеството на г. Таравари на овој голем настан е доказ за силните врски што тој како претставник на Албанците во Владата на Северна Македонија ги изгради со новата американска администрација. Овој настан одразува уште еден важен чекор кон зајакнување на односите со САД. велат од партијата на Таравари.

Зајакнувањето на врските меѓу Скопје и Вашингтон е гаранција за понатамошна поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја, за што г. Таравари отсекогаш бил ангажиран во текот на неговата политичка кариера. За време на престојот во САД, г. Се очекува Таравари да оствари неколку значајни средби со високи американски претставници, како и со други земји, велат во  партијата .

 

Back to top button
Close