Пол: Натпреварите со Њу Орлеанс ме потсетуваат на старата НБА

 

Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол, го оцени нивото на физичка борба во плејоф серијата од првото коло со Пеликанс.

Ноќеска, Њу Орлеанс кој заврши на 8.место во Западната конференција, го победи Феникс,  најдобриот во регуларниот дел од сезоната со резултат 118:10 и изедначи на 2:2 во серијата од првото коло во НБА плејофот.

Пол постигна само четири поени и 11 асистенции.

– Ова ме потсетува на старата НБА, нели? Пеликаните денеска делуваа мошне агресивно. Успешно се докажаа во сите клучни моменти. Ние мора да им честитаме. Играа добро, изјави Пол.

Следниот меѓусебен натпревар двете екипи ќе го имаат ноќта вторник кон среда на теренот на Феникс.

Back to top button
Close