Полицаец загина при удар на руски дрон во патролно возило во источна Украина


Полициски службеник загина откако руски дрон денеска погоди полициски автомобил во Краматорск во источна Украина.

Три други полициски службеници беа повредени во нападот, изјави началникот на регионалната полиција Олексеј Билошицки на Фејсбук. „Тешко е да се најдат зборови кога ќе изгубите еден од своите“, напиша тој.

Краматорск е дел од таканаречениот украински „тврдински појас“, кој со месеци им одолева на жестоките напади на руската војска, пренесе ДПА.

На друго место, најмалку пет лица беа повредени во руски напад на фреквентен локален пат во близина на Одеса во јужна Украина.

Оштетени се неколку возила, главно шлепери, објави началникот на регионалната воена администрација Олех Кипер на Телеграм.

Back to top button
Close