Полицијата го најде и го уапси убиецот на момчето од Хром

Скопјанецот кој со 45 убоди со ноже го уби момчето во стан во Хром, а потоа со неговата мајка го запалиле станот да ги прикријат трагите, е фатен при обид за бегство кај мостот „Обединети нации“, соопшти МВР.

-Денеска во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода А.Д.(39) од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две кривични дела, “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”.

По преземени сеопфатни оперативно-тактички мерки и активности во претходните неколку денови, лицето во 14.10 часот е забележано во близина на мостот “Обединети Нации” и при обид за бегство е фатено и приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија, соопштуваат од Министерството.

 

Back to top button
Close