Полицијата ѝ пратила празно плико по автобус, измамничката дошла да ги земе „парите“ и завршила со лисици
Дваесет и тригодишната А.Ј. од Скопје вчера попладне (07.01.2026) беше лишена од слобода во спектакуларна акција на полицијата, откако самата упаднала во стапицата што ѝ ја подготвиле инспекторите.

Скопјанката е осомничена за три извршени измами и еден обид за измама. Нејзиниот „бизнис модел“ бил едноставен, но ефективен – објавувала лажни огласи на социјалните мрежи за издавање станови во Тетово. Жртвите ги убедувала однапред да ѝ пратат пари, или на трансакциска сметка или во кеш, преку возачи на автобуси кои сообраќаат на релација Тетово-Скопје.
Кобната грешка Серијата измами завршила кога еден совесен граѓанин од Тетово, откако стапил во контакт со неа за стан, се посомневал во приказната и случајот го пријавил во СВР Тетово. Полициските службеници, во координација со Единицата за економски криминал и СВР Скопје, организирале „контролирана испорака“. Преку возач на автобус било испратено празно плико, наводно со бараните пари. Кога А.Ј. се појавила во Скопје кај возачот за да го подигне „пленот“, наместо пари, добила лисици на рацете. Таа е приведена и задржана во станица






