Полицијата се огласи по инцидентот на Оскарите – Крис Рок одбил да поднесе пријава

По скандалот на овогодишните Оскари, кога Вил Смит се качи на сцената и го удри комичарот Крис Рок, полициската управа на Лос Анџелес потврдила за „Variety“ дека Рок одбил да поднесе полициска пријава.

„Истражните субјекти на полицискиот оддел на Лос Анџелес се свесни за инцидентот помеѓу две лица во текот на програмата на доделувањето на Оскарите. Во инцидентот една личност удрила друга. Лицето кое е вклучено одби да поднесе полициска пријава. Ако вклучената страна сака подоцна да поднесе пријава, полицискиот оддел ќе биде достапен за комплетирање на извештајот од истрагата“, стои во соопштението од полицијата.

Имено, додека ја претставуваше наградата за најдобар документарен филм на Оскарите, Рок се пошегува на сметка на избричената глава на Џејда Пинкет Смит, споредувајќи ја со изгледот на Деми Мур во филмот „G.I. Jane“. Комичарот рече дека едвај чека да ја види Џејда во продолжението на филмот, по што Вил се качи на сцената и го удри Крис.

 

 

Back to top button
Close