Полицијата се судри со демонстрантите во Албанија

На протестите кои се одржаа денеска во неколку градови во Албанија поради зголемените цени на прехранбените артикли и горивата , дојде до судири на полицијата со лицата учесници на протестите . Особено беа масовни протестите во Скадар, Тирана и Лежа каде што дојде и до судири со полицијата . Албанското МВР  соопшти дека повеке десетици ученици на протестите  биле уапсени и протворени .

  Албанските медиуми вечерва јавнија дека на протетите од Владата е побарано да ги врати цените на прехранбените артикли но и на горивата , бидејки денеска еден летар дизел гориво се продаваше за над 2 евра , а брачното и  маслото за јадење имаат двојно поголеми цени од претходните денови .

 Протестите кои започнаа во Тирана пред три дена , се шират во целата земја ,а премиерот Еди Рама  ги осуди протестите и рече дека тие се организирани од страна на претседателот на државата Илир Мета и екс премиерот Сали Бериша.

 ,, Состојбата со цените се користи за политилки цели  се со цел да се создадат ескалации на политичката сцена во Албанија ,, изјави Рама .

Премиерот Еди Рама синока на средба со производителите на нафтените деривати и бензинските пумпи ,изјави дека деновиве ке биде фиксирана цената на горивата и ако некој не ги почитува ке му се одземе лиценцата .

Последните три дена во бензинските пумпи во Дебар голем е бројот на албанските државијани од пограничните населени места кои купуваат бензин и нафта во трите дебарски бензински пумпи. Сопствеиците на дебарските бензински пумпи велат дека над 6о насто од горивата  се точат за автомобилите на албанските државнијани  кои во Дебар пристигнуваат преку граничните премини на македонско – албанската граница Блато и Џепиште –Требиште .

К. М.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close