Политичка реакција на Македониците од Албанија (МАЕИ) по објавата на Груевски: “Македонецот насекаде е оставен без политичка поддршка од матичната земја” 

“Македонецот насекаде е оствен без политичка поддршка од матичната земја”, реагираше генералниот секретар на единствениот политички субјект на етничките Македонци во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Таќо Гроздани, во врска со објавата на Фејсбук, од страна на поранешниот премиер, Никола Груевски. -Еден сум од основачите и на Заедницата на Македонците и на Македонската партија во Албанија(МАЕИ) и уште сум активен, пишува Гроздани, оддавајќи му признателност на поранешниот премиер и согласувајќи се со него. Гроздани потсетува дека со него се сретнале неколкупати и како опозиција 2006 година и како премиер, и во владата и во Амбасадата во Тирана и во Пустец и во Требиште(Голо Брдо). -Вие и сите влади и опозиции од Република Македонија секогаш во предизборие и за време на избори во Република Албанија ја поддржувале Македонската партија, што логично и треба да биде така, пишува Гроздани. Но, како што појаснува, за жал, последните два циклуса на избори грб ни сврте и ВМРО ДПМНЕ отворено ја поддржуваше албанската партијата на Илир Мета (Социјалистичко движење преименувана во Партија на слободата). Додава дека така е и денес, на власт, дека секој ден го прават се со “цел уште и ние неколку активисти што сме останати што најмногу се спротиставивме на бугарската пропоганда сакаат да се откажиме, тоа е жално”. -Значи ми се чини дека Македонецот насекаде е оствен без политичка поддршка. Македонија немала и изгледа нема да направи национална стратегија, не посакувам ама така ми изгледа, констатира Гроздани. Груевски, осврнувајќи се на последните пописни резултати во Албанија, во две продолженија, имаше објава: “Пописите во Албанија, асимилација на Македонците, Пописите во Бугарија по Втората светска војна и Ѓорѓи Димитров” со дополнување дека е “историска лага дека Македонците( или било кој друг народ) во одделни околности не биле и не може да бидат асимилирани”.

 

Веле Митаноски

Back to top button
Close