„Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик“, вели Манасиевски
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ немаат вистинска намера да постигнат договор за нов Изборен законик и дека нивните јавни настапи претставуваат политички театар.

Според Манасиевски, повиците за разговор и меѓусебните обвинувања меѓу опозициските партии се, како што рече, „провидна игра“, чија цел е да не се олесни гласањето на дијаспората и да не се донесе нов Изборен законик.
Тој оцени дека СДСМ, Левица и ДУИ намерно не сакаат да се усвои новото законско решение, бидејќи, според него, тоа ќе им послужи како алиби во пресрет на следниот изборен циклус.
„Едните ќе се жалат дека не се внесени препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите дека немаат повеќе пари за рекламирање, а третите дека не се почитувала волјата на граѓаните. Тоа е сценариото што уште сега го најавуваме“, изјави Манасиевски.
Тој додаде дека, според ВМРО-ДПМНЕ, директна одговорност за тоа што Македонија сè уште нема нов Изборен законик има, како што ја нарече, коалицијата на СДСМ, Левица и ДУИ.






