Политичко партијска епидемија…

Независна Македонија никогаш немала проблем со епидемии од типот на Вариолавера, кравјо лудило, птичји грип, Корона, и други слични, затоа што сите ги решавала соодветно и со многу помал процент на губитоци на човечки животи во однос на другите посовремени и понапредни држави во Европа и Светот. Ги убивала кокошките и петлите на фармите, кај луѓето кои живееле од нив, ги секцирале кравите и телињата, само заради тоа што СЗО прогласиле епидемија и гајле им е какви штети ќе претрпат сопствениците кои за надомест на истата во износ од највише 30% ќе чека три години, најмалку. Филмот би се викал “Убиј све и остани сам“…
На сличен начин ќе се реши и случајот со заразените во Гостивар преку водата за пиење. Ни криви ни должни, луѓето се заразиле, а државата ќе им помогне за да се излечат, да оздрават, да заборават. И, како вообичаено забораваме на се’, заборавивме на “шталата“ во Кочани, ќе заборавиме и на овој “атентат“ врз недолжното мкд пучанство во Гостивар. ќе ја фалиме државата затоа што ни се нашла во тешки моменти, ќе извикуваме браво Мицко, браво Клеко, фала ви до гроП, наполно исто како што постапуваат мафијашките убијци доаѓајќи на погребот на убиениот со најголемите венци и букети изразувајќи длабоко жалење, и никогаш нема да се посомневаме дека токму тие кои сега наводно помагаат и сочуствуваат се единствената главна причина за да се случи ваков атентат врз недолжно население…
Длабоко е навлезена вморонската бактерија, плус засилена со посебни адитиви, серуми и ослободителни законски решенија за вакви и поголеми кривични дела од закони предложени и изгласани од Бихачката провиниенција, па се’ повеќе ситуацијава ми наликува на безизлез, како сите да сме заробени во мрежата на пајкаот и нема спас. Едни на оваа страна, други на онаа страна од мрежата, Не е за чудење ако утре некој атентатор од нивниот апашки “ков“, во заштита на милијардите украдени од најсиромашната држава во Европа, со најбогатата политичка партија во Европа, пушти неколку капки цијанид во изворите на Рашче. Тогаш ќе станат најсилни да ни помогнат, да не спасат, и не само епидемија, туку ќе прогласат вонредна состојба за се’ да им биде под контрола. Процесот ќе трае исто како оној за шталата во Кочани, и подолго, ќе одберат виновници и ќе се договорат со нив за казните кои ќе им ги наместат судиите и обвинителите, а оние што ќе преживеат нема да имаат сила и моќ да се соберат со стапови и мотки, да им се изнаебат се’ по список. Тие всушност произведуваат се’ помалку бунтовници, се’ помалку жедни за правда. Се’ повеќе желни за партијска позиција, за арамијски пари, за несоодветни богатења од државната каса, за милионери и милијардери на кои око нема да им трепнува кога поминуваат покрај нас ограбените и во сред опасна епидемија…
Замислете наслов: “Мицковски им се пушти на судиите и обвинителите!“. Небаре е загар кој на команда на ловџијата се пушта во акција на пронаоѓање на уловената мртва птица. А за нас обичните, мртви се и судовите и обвинителствата. Тие ги убија. И под овој наслов ќе прочитате илјадници коментари од типот БРАВОС МИЦКО, САМО НАПРЕТ, ТАКА ТРЕБА, НЕКА ГИ ВРАТАТ ПАРИТЕ ОД СЈО, или ВРАТИ СЕ ГРУЈО ТИ ВРАТИВМЕ СЕ’ ШТО НИ УКРАДЕ! “ПАРИТЕ ВО ЅИДОТ НА СУДИЈАТА НЕ СЕ ПАРИ, ЛАТАС Е НЕВИН ОД 13 ГОДИНИ ИТН…
Македонија има сосема друг тип и вид на епидемија со која сме сите зафатени – Политичко партијска епидемија –
Кога ќе се најде вакцината, ќе имаме шанси да преживееме. До тогаш… Одам на Чардак кај сватовците, на скара, мара, бунарска вода и попара… 🙂 Насмејте се, ќе ви помогне… Тенкју…
Борче Трајковски

Back to top button
Close