Полска се врати во ЕУ

На парлементарнитре избори одржани вчера во Полска победи Партијата на правото и правдата но според прелимниминарните резултати оваа десничарска, популитичка партија нема да биде во можност да ја формира новата полска влада. Таа чест спотред изборниот резултат ќе му припадне на поранешниот полски премиер и претседател на Европскиот Совет Доналд Туск кој во изборната кампања ја предводеше центристичката Граѓанска коалиција.

Според ажурираната излезна анкета објавена утрово, Партијата на правото и правдатра има поддршка од 36,6 отсто, по што следат центристичката Граѓанска коалиција со 31 отсто, централнодесничарскиот Трет пат со 13,5 отсто, Левицата со 8,6 отсто и екстремно десничарска Конфедерација со 6,4 отсто.

Популизмот во Полска владееше осум години проследени со бројни контоверзи кои создадоа социјални конфликти по однос на забраната на абортусот, владеење на правото или узупрација на независноата на судството што наиде на остри реакции во Брисел поради што на Варшава не и се испорачуваат милијарди евра од структурнитте фондови на ЕУ. Партијата на правото и правдата во обид да ја задржи власта радикално го смени дискурсот во однос на подршката за Украина обвинувајќи го Зеленски дека ја води цела Европа во пропаст. Лидерот на Партијата на правото и правдата Качински беше близок со унгарскиот илиберален лидер Орбан а двајцата формираа колација која често ги спречуваше одлуките на Европскиот Совет во однос на важни стратешки прашања за ЕУ обидувајќи се на тој начин да ја уцени ЕУ која отворено ги критикуваше Полска и Унгарија за сериозно отстапување од демократските принципи.
Во текот на кампањата, како и во изминатите осум години владеење, партијата на Јарослав Качински брутално ги злоупотреби државните медиуми ширејќи лаги за опозицискито лидер Доналд Туск. Тој постојано беше обвинуван од провладините медиуми дека е – слуга – на Западот и дека е -предавник на полските национални интереси- . Како -доказ- за оваа валкана предизборна кампања се користеше фактот дека мајката на Туск е Германка. Качински не ја одбегна ни веќе стандардната популистичко десничарска нарација за тоа дека опоцизијата ќе ја – муслиманизира- Полска со прифаќање на бегалци од Блискиот Исток и Африка.

Опозицијата од своја страна предупреди дека третиот мандат за Партијата на правото и правдата ќе ја оддалечи Полска од либералната демократија со зацврстување на влијанието на владејачката партија врз судството, медиумите и државните корпорации – придвижувајќи ја Полска во насока на нелибералната демократија на Унгарија.
Утре се очекува да бидат објавени официјалните резултати по што претседателот на Полска Анжеј Дуда се очекува да го додели мандатот за формирање на нова влада на Јарослав Качински кои има законски рок од 14 дена да формуира парламентарно мнозинство. Според изборнит резултат оваа се чини како невозможна мисија за Качински по што мандатот за нова влада ќе му биде доделен на Доналд Туск чија коалиција го има мнозинството во парлементот.
Полска очигледно и се враќа на либералната демократија која го симна од власт комунистичкиот режим и ја внесе Полска во ЕУ и НАТО. Изборните резултати во Полска се лоша вест за Унгарецот Виктор Орбан кој ќе остане сам во ЕУ со неговата илиберална идеологија која на Унгарија и нанесе серизни штети. Победета на Туск во Полска е голема утеха за цела ЕУ и особено за престојните европски избори во мај наредната година кога либерално демоктратското семејство ќе се бори да го задржи кормилото на ЕУ загрозено од растечкиот популизам и есктремната десница.

Back to top button
Close