По случајот со АЛТА банка, Славески денеска со прес-конференција

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, денеска, 1 ноември, со почеток во 17 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе се осврне на актуелните случувања поврзани со банкарскиот сектор, како и на супервизорските активности на Народната банка.
Прес-конференцијата доаѓа по вчерашното соопштение на Народната банка во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград.
Од Народната банка вчера појаснија дека одлуката на српскиот регулатор се однесува на работењето на банката во Србија и не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола.
Во соопштението беше нагласено дека домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Северна Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка посочи дека внимателно ја следи состојбата, вклучително и потенцијалните ризици што произлегуваат од сопственичката поврзаност, и дека постапува во рамките на своите законски надлежности, објави Скопје1.мк






