Во Брвеница до 15 часот гласале 1 515 граѓани повеќе отколку во истото време во првиот круг

До 15 часот на изборите во Општина Брвеница за избор на градоначалник гласале 6 579 граѓани, а излезеноста е 40,49 отсто, покажуваат податоците од Државната изборна комисија (ДИК).
Од претходниот пресек на ДИК во 13 часот, за два часа своето право на глас го оствариле уште 2 061 граѓанин. Од ДИК информираа дека до 13 часот гласале 4 518 гласачи.
Излезеноста во истото време во првиот изборен круг што се одржа на 18 октомври, била 31,17 проценти, што е пониско за девет процентни поени во однос на денешниот избирачки ден. Вкупниот број граѓани што го оствариле своето гласачко право е поголем за 1 515 гласачи. Тогаш до овој пресек на ДИК гласале 5 064 граѓани, а денес таа бројка е 6 579.






