Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември 2026 година бележи номинален пораст од 24,1 процент и реален пораст од 19,4 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано и кај трговијата на мало со автомобилски горива, каде што номиналната стапка на прометот е зголемена за 38,7 проценти, а реалната за 12 проценти.

Од друга страна, трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, бележи намалување на прометот за 13,9 проценти номинално и за 9,2 проценти реално.

Во вкупната група трговија на мало, освен трговија со горива, прометот е зголемен за 3,9 проценти номинално, а за 4,7 проценти реално.

Back to top button
Close