Сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ најави отпуштања на околу 1 000 вработени

Сопственикот на „Пинк медиа груп“, Жељко Митровиќ, најави дека околу илјада вработени во неговите компании ќе останат без работа. Ова тој го соопшти на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм, каде што информира и дека веќе се отпуштени 150 лица од театарот „Одеон“ во Белград.

Сопственикот на „Пинк медиа груп“, Жељко Митровиќ / Фото: Принтскрин

Отпуштањата, како што посочи, ќе опфатат десетина компании во рамките на неговиот деловен систем, кои сè уште се соочуваат со финансиски тешкотии.

„Еден од најтешките денови во мојот живот, полн со емоции, љубов, топлина и разбирање. Ги распуштив сите ансамбли во театарот ‘Одеон’, 150 луѓе останаа без работа. Во целиот систем ќе морам да отпуштам околу илјада луѓе“,

напиша Митровиќ на Инстаграм.

 

Театарот „Одеон“ почна со работа во септември 2024 година откако Митровиќ го купи истоименото кино на улицата „Кралица Наталија“, во центарот на Белград.

На крајот од минатата година Митровиќ веќе најави распуштање на театарот, како и кадровски промени во рамките на „Пинк“.

Back to top button
Close