Француски државјанин починал на Клиниката за кардиохирургија во Скопје

72-годишен француски државјанин починал на Клиниката за кардиохирургија во Скопје, откако претходниот ден бил донесен во тешка здравствена состојба.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 29 октомври во 10:04 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Станува збор за Б.Х.Г.В.П. (72), кој престојувал во хостел на подрачјето на општина Бутел.

По насока на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина, каде што ќе биде извршена обдукција

Back to top button
Close