Поради дефект, жителите на улица „Гемиџиска“ ќе немаат вода
Поради уличен дефект на улицата „Гемиџиска“, со прекинато водоснабдување се корисниците од оваа улица, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што појаснуваат, корисниците се без вода од 10:15 часот. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.