Поради неколку локали ќе страда цело угостителство ако владата не дозволи да затвараме за непочитување на ковид-протоколите, вели директорот на пазарна инспекција

Деветнаесет кафулиња и ресторани вчера се казнети низ целава земја во акција на Државниот пазарен инспекторат поради непочитување на ковид-протоколи и за надминување на работното време. По завчерашната кривична пријава, скопското кафуле „Мош“ и вчера доби кривична пријава за непочитување на протоколите на вториот концерт на српскиот пејач Владо Георгиев. Локалот ќе добие решение за затворање од понеделник, бидејќи минатата недела го пречекорил работното време, но инспекторката е во изолација па затоа тоа досега не е спроведено.

Пазарните инспектори, според законските прописи, немаат надлежност да го затвораат угостителскиот локал ако не се почитуваат ковид-протоколите туку само да му поднесат кривична пријава и да добие парична казна. Инспекторите може да затворат локал само ако работи повеќе од дозволеното работно време.

„Поради неколку локали, како на пример ‘Мош’ и ‘Аватар’ во Струмица, сите други угостители ќе сносат последици. Нема разбирање, многу лош впечаток оставаме како држава. Побаравме од Владата да достави предлог до Собранието да ни се зголемат ингеренциите за да може веднаш да затвораме“, вели Директорот на Државнот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

Повеќе

Back to top button
Close