Порака до градоначалникот од Штип: Каде е нафтата градоначалниче?

„Каде е нафтата градоначалниче Иван Јорданов? Среќен ден на ВМРО #Криминалци“ стои на истакнатиот транспарент поставен на мост во Штип.

Користејќи го овој начин на искажување на незадоволство, граѓаните на Штип повикуваат на одговорност и на истражување на криминалите.

Тие со герила акција му го честитаа празникот на нивниот градоначалник Иван Јорданов, но воедно и го прашаа каде е украдената нафта.

Имено, шоферот на градоначалникот Јорданов е осомничен за кражба на нафта од институциите на локалната самоуправа.

 

Back to top button
Close