Поранешен шеф на Мосад: Целосен колапс на израелската безбедносна тактика
Израелската безбедносна тактика во саботата „доживеа целосен крах“, смета Дени Јатом, поранешен шеф на разузнавачката служба Мосад и актуелен политичар во израелската опозициска Лабуристичка партија.
Тој наведува дека „се тргна по лошо“ и „никој немаше поим што се случува“ кога Хамас во саботата рано утрината го нападна Израел од територијата на Појасот Газа.
Поранешниот прв израелски разузнувач за Би-би-си изјави дека вториот обрач на израелската одбрана беше недоволен да ги спречи нападите, потсетувајќи дека Израел беше затечен на нозе речиси „50 години и ден“ од војната во Јом Кипур, кога коалицијата на арапски држави изврши инвазија.
-Количината на сила беше премала – и тоа главно се должи на неуспехот на разузнавачките служби кои ни кажуваа дека иако сме сведоци на многу вежби на Хамас, тие немаат намера да го нападнат Израел, рече Јатом.