Поранешниот градоначалник на Приштина, Ахмети, осуден на две години затвор поради непријавување на дел од имотот
Основниот суд во Приштина го осуди поранешниот градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети, на две години затвор и глоба од 5.000 евра за непријавување на целиот свој имот за време на неговиот мандат.

Затворската казна ќе се издржи откога пресудата ќе стане правосилна, а глобата мора да се плати во рок од три месеци од правосилноста на одлуката.
Судот го отфрли предлогот на Специјалното обвинителство за конфискација на непријавен имот во вредност од 172.600 евра.
Специјалното обвинителство во декември 2025 година поднесе обвинение против Ахмети бидејќи од 2018 до 2022 година не го пријавил целиот свој имот во Агенцијата за борба против корупцијата.
Според обвинението, Ахмети непријавил 118.200 евра депонирани на лични сметки, како и 54.400 евра од сметката на својата мајка, со што вкупниот износ на непријавени средства достигна 172.600 евра.






