Поранешниот претседател на Боливија го обвини сегашниот дека организирал лажен пуч против себе

Поранешниот претседател Ево Моралес денеска го обвини поранешниот политички сојузник и сегашен боливиски претседател Луис Арсе дека ги измамил Боливијани со организирање лажен државен удар, против себе, со цел да добие симпатии и политички поени меѓу електоратот.

Моралес беше меѓу првите што го осуди потегот на околу 200 припадници на армијата, кои минатата недела маршираа кон палатата на боливиската влада со оклопни возила. Тој чин го нарече обид за државен удар и побара судење на сите учесници.

Сепак, денеска поранешниот претседател им се придружи на оние кои го обвинуваат Арсе дека самиот го организирал инцидентот, во обид да ги придобие симпатиите на Боливијаните, во време кога неговата популарност опаѓа.

-Арсе ја предаде вистината, ве измами, лажеше, не само боливискиот народ, туку и целиот свет, рече Моралес и побара независна истрага за воените дејствија.

Владата на Арсе денеска одговори со силно отфрлање на „непријателските и непромислени коментари“.

Војниците предводени од командантот на вооружените сили во Боливија, генерал Хуан Хозе Зунига, минатата недела со оклопни возила се упатија кон претседателската палата во главниот град на Боливија, Ла Паз, а потоа се повлекоа по неколку часа.

Генералот Зунига беше уапсен и обвинет за тероризам и вооружен бунт

Back to top button
Close