Поранешниот тренер на загрепски Динамо, Мамиќ, приведен во БиХ

– Хрватскиот фудбалски тренер Зоран Мамиќ, кој во март годинава беше принуден да ја напушти клупата на Динамо Загреб поради отслужување повеќегодишна затворска казна, денеска е приведен во Босна и Херцеговина

Мамиќ, како што јавија хрватските медиуми, е приведен во Муѓумурје врз основа на црвена потерница распишана од Интерпол. Според истите извори, шансите за негова екстрадиција во Хрватска се мали, бидејќи поседува и босанско државјанство, исто како и неговиот брат Здравко Мамиќ, кој по прогласувањето за виновен од страна на хрватскиот суд е слободен граѓанин во БиХ.

Браќата Мамиќ се осудени на вкупна затворска каза од 11 години и еден месец поради финансиски малверзации во време додека двајцата беа во раководните структури на актуелниот хрватски првак Динамо Загреб.

Back to top button
Close