Портпарол на пакистанската армија: Нема да се согласиме на деескалација со Индија


Портпаролот на пакистанската армија генерал-потполковник Ахмед Чаудри денеска изјави дека Пакистан нема да се согласи на деескалација со Индија и оти продолжува воената состојба сè додека сезагрозени суверенитетот на земјата и народот.

– По она што го направија, ние мора да им одговориме. Досега се браневме, но ќе им се одговори во одредено време, наведе Чаудри.

Според пакистанските воздухопловни сили, повеќе од 100 пакистански и индиски авиони учествуваа во едночасовната воздушна борба на 7 мај, при што беа соборени пет индиски авиони.

Во меѓувреме, индиските воздухопловни сили соопштија дека Пакистан користел турски беспилотни летала за да нападне 36 локации во западна и северозападна Индија.

Индија одговори со беспилотни летала врз цели во Пакистан и уништи еден систем за воздушна одбрана.

Индиските гранични безбедносни сили соопштија дека синоќа спречиле „голем обид за инфилтрација“ во Кашмир.

Back to top button
Close