Портпаролката на Белата Куќа е позитивна на Ковид, Бајден се тестирал

Псаки рече дека вчера била на состаноци со Бајден, но дека тој денеска бил негативен на ПЦР тестот.

„Вчера имав два социјално дистанцирани состаноци со претседателот и тоа не се смета за близок контакт како што е дефинирано со упатствата на ЦДЦ“, рече Псаки во изјавата.

Псаки рече дека има благи симптоми и дека „ќе работи од дома и ќе планира лично да се врати на работа по завршувањето на петдневниот период на изолација и негативен тест“.

Заменик-секретарот за печат Крис Мегер рече дека ниту еден од членовите на одделот за печат кои вчера присуствувале на брифингот не се сметаат за блиски контакти. Белата куќа спроведува следење на контактите, додаде тој.

Ова е втор пат Псаки да биде позитивна на COVID-19. Таа првпат беше позитивна на 31 октомври 2021 година.

Бајден патува во среда за Брисел за да присуствува на самитот на НАТО, да се сретне со лидерите на Г-7 и да се приклучи на закажаниот Самит на Европскиот совет. Бајден потоа ќе отпатува за Полска.

Back to top button
Close