Портпаролот на израелските сили потврди за заложници и воени заробеници кои ги држи Хамас

Хамас држи „заложници и воени
заробеници“, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили, бригадниот генерал Даниел Хагари.
„Има заложници и воени заробеници кои Хамас ги држи. Има и смртни случаи меѓу војниците на ИДФ. Се уште немаме точна бројка – ние сме во војна“, рече тој.






