Потслушнала ама не ја видела изјавата на директорката на УЈП. Мој ДДВ останува тврди Кочовска

За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе почне во март годинава, информира денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

– За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, повеќето од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето тоа треба да го објави на својата веб-страница во најкраток рок, така што очекувам за приближно два месеца, во март, компаниите да ја добијат првата половина од износот на солидарниот данок – рече Димитриеска-Кочоска на новинарско прашање.

По изјавата на директорката на УЈП дека „Мој ДДВ“ не го дава посакуваниот ефект, Димитриеска-Кочоска рече дека не се размислува за такво нешто и оти сè останува како досега.

– Не, апсолутно. Јас вчера нешто потслушнав на крајот на денот бидејќи цел ден бевме оптоварени со ова, што сметам дека е еден од најголемите предизвици на државата и немав можност да ја слушнам директорката. До овој момент нема некаков извештај или информација до Министерството ниту, пак, сме разговарале воопшто дека ќе го менуваме законот или воопшто ќе дискутираме за „Мој ДДВ“, така што не можам да кажам дека ќе има какви било промени, туку, напротив, сè останува како што беше досега – рече Димитриеска-Кочоска.

Back to top button
Close