Потврдени тројца заразени со ковид-19 по забавите во Охрид за празничниот викенд

Тројца позитивни на ковид-19 коишто биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд – пренесе Канал 5 телевизија.

Заразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Од денеска стартуваат и анкетите на заразените со кој се биле во контакт и до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив.

– Очекувана е бројката од двесте новозаразени од ковид-19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и со можност да биде и повисока – вели епидемиологот Даниловски.

Повеќе на Канал 5

Back to top button
Close