Повеќе од 10.000 милионери ја напуштија Велика Британија, тврдат аналитичарите

Повеќе од 10.000 милионери ја напуштиле Велика Британија во изминатата година, оценуваат аналитичарите на компанијата „Њу ворлд велт“, припишувајќи го тоа на повеќе причини, објавија денеска британските медиуми.

Даноците, како и растечката моќ на САД и Кина во глобалниот технолошки сектор, се наведени како некои од причините, пишува весникот „Стандард“.

Меѓу потенцијалните причини за заминувањето на милионерите од Велика Британија, беше споменато сè помалото значење на Лондонската берза, како и влошената состојба на здравствениот систем во таа земја.

 

Back to top button
Close