Повеќе од 100 лица се водат како исчезнати по напад од подморница врз ирански брод покрај брегот на Шри Ланка

Најмалку 101 лице е исчезнато, а 78 се повредени по нападот од подморница врз ирански брод покрај брегот на Шри Ланка, изјавиле за Ројтерс извори од морнарицата и Министерството за одбрана на Шри Ланка.

Министерството за надворешни работи на Шри Ланка претходно соопшти дека војската на земјата спасила 30 лица од ирански брод што тоне.

Морнарицата на Шри Ланка испратила спасувачка мисија по повик за помош од иранскиот брод, изјави претходно портпаролот на Министерството за одбрана.

Министерот за надворешни работи Виџита Херат не даде дополнителни детали, но рекол дека Шри Ланка ќе преземе соодветни мерки.

Локалните медиуми јавија дека бродот пријавил опасност покрај брегот на Гале во јужниот дел од земјата и оти повредените биле примени во болница во Гале

Back to top button
Close