Повеќе од 900 случаи на мајмунски сипаници потврдени во 29 земји

Потврдени се 909 случаи на инфекција со мајмунска сипаница во 29 земји ширум светот, покажуваат податоците на ЦДЦ (Центрите за контрола и превенција на болести).

Најголем број заразени има во Велика Британија, каде се пријавени 225 случаи. На второ место по бројот на заразени е Шпанија со 186 случаи, а на трето Португалија – 143 заразени.

Соединетите Американски Држави се рангирани на осмото место по бројот на заразени со 24 потврдени случаи.

Заразени со мајмунски сипаници има и во Канада, Германија, Франција, Холандија, Италија и Белгија

Back to top button
Close