Повредени се малолетници по пад од мотоцикл

МВР информира дека вчера попладне во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с. Кучково, скопско, 17-годишник од Скопје управувајќи мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот 15-годишен сопатник од с. Волково, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје

Back to top button
Close