Повредениот Драган од „Пулс“: Животот продолжува, одиме во Скопје на третмани, пулмолози нѐ лекуваат во Кочани
Еден од повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Драган Давитковски, вели дека закрепнувањето е бавно, но дека неговата здравствена состојба постепено се подобрува.

„Како се чувствувам… Животот продолжува понатаму. Имам некои повреди, тоа е. Имам изгореници, имав и внатрешни повреди. Одиме во Скопје на ласерски третмани, а пулмолози доаѓаат во Кочани и нѐ прегледуваат во болницата“, изјави Давитковски.
Тој посочува дека првите денови по несреќата биле најтешки, но дека сега се чувствува подобро.
„Првите денови беше потешко, понатаму не е. Сега за сега сум подобро“, додава тој.
Давитковски вели дека повредените меѓусебно се поддржуваат .
„Ние повредените се знаеме, летото бевме на Пониква. Ова ни е прво спортско дружење. Јас на сите сакам да им посакам побрзо оздравување“, рече тој.
Прашан дали животот ќе продолжи понатаму, Давитковски одговори дека и покрај тешкотиите, мора да се продолжи напред.
„Малку тешко, ама мора да продолжи“, вели тој.
Тој раскажа и дека во дискотеката дошол околу 1:30 часот по полноќ, заедно со сопругата и пријатели, кога се случила трагедијата.
„Бев на концерт, отидов околу 1:30 часот и за еден и пол час се случи тоа што се случи. Бев со сопругата и со другари. Од нашата маса има двајца починати“, сведочи Давитковски објави Скопје1.мк






