Повредено е четиригодишно дете во сообраќајка во тетовско – уапсен е 25 годишник без возачка
Несреќата се случи синоќа околу 22 часот, а учествуваа патничко возило „голф“, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.С. (80) од село Палатица.

Според информациите од СВР Тетово, С.Г. го управуваше возилото без возачка дозвола, со што сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, поради што веднаш е уапсен.
Во несреќата тешки телесни повреди добија сопатничките во „мерцедесот“ – Р.С. (77) од с. Палатица и С.И. (49) од Тетово. Со телесни повреди се здобиле и В.И.(46), како и четиригодишно дете.
Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово, а по целосно документирање на случајот против С.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






