Повторно дојави за бомби во 13 скопски училишта

Нови дојави за поставени експлозивни направи се примени денеска на електронските адреси во 13 училишта во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во тек се антитерористичките проверки.

Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.

Back to top button
Close