Пожар кај Волково во кој изгоре и куќа се става под контрола, нов пожар избувна зад Водно

Два поголеми пожари избувнаа денеска на територијата на Скопје, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожар избувнал во населеното место Волково, каде интервенираат екипи на БППЗ Скопје. Според информациите, пожарот постепено се става под контрола.

Во исто време, пожар избувнал и на територијата на Општина Сопиште, во пределот зад Водно. Таму започнува интервенција на БППЗ Скопје, а дополнително се упатени и четири „пинцгауери“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Екипите се на терен и работат на локализирање и ставање под контрола на пожарите.

Back to top button
Close