Пожар на аеродромот во Кувајт по напад со дронови

Портпаролот на Генералните противпожарни сили на Кувајт изјави дека во моментов се гаснат пожари на аеродромот во Кувајт предизвикани од „непријателски“ беспилотни летала.

– Заедно со поддршка од противпожарните единици на армијата, Националната гарда и нафтениот сектор, се справуваме со пожар во резервоар за гориво на аеродромот во Кувајт, кој беше цел на непријателски дронови – изјави бригадниот генерал Мохамед Ал-Гариб во изјавата што ја пренесе новинската агенција на Кувајт.

За време на прес-конференција, тој потврди дека „се справуваат со четири пожари на различни локации кои избувнале како резултат на паѓање на шрапнели“, пренесе „Зл џезира“.

Ал-Гариб исто така рече дека во земјата се случиле 82 вакви инциденти „од почетокот на грешната иранска агресија“.

Back to top button
Close