Пожар во складиште за пиротехника во Москва, се слушаат експлозии

Голем пожар изби во Москва, во складиште за пиротехника, по што дојде и до серија експлозии.

Огнот се прошири од магацинот до соседната зграда. Вкупната површина на пожарот е 150 квадратни метри. Огнот зафати петарди и други направи исполнети со барут, соопшти Службата за итни ситуации.

– Складиштето со пиротехника гори, се слушаат експлозии – изјави очевидец на пожарот за агенцијата ТАСС, додавајќи дека пожарот од магацинот се проширил и на соседната зграда.

Противпожарните екипи пристигнале на лице место, но побарале дополнителни единиците, бидејќи пожарот е надвор од контрола.

Back to top button
Close