Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска дел од набљудувачката мисија на изборите во БиХ
Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска беше дел од набљудувачката мисија на изборите во Босна и Херцеговина, како дел од делегацијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Ова се првите избори во БиХ на кои се воведени дигитални алатки за гласање како скенери и апарати за отисоци.
„На изборите се гласаше за тројцата членови на Претседателството на БиХ – Бошњак, Србин и Хрват; Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ; Претставничкиот дом на Федерацијата БиХ; Претседател и потпретседатели на Република Српска; Народното собрание на Република Српска; кантоналните собранија во Федерацијата БиХ. Се избираше цела политичка структура на државно и ентитетско ниво“соопштија од македонското Собрание.
Додаваат оти изборите поминале со почитување на демократските принципи и покрај предизвиците на новата технологија.
Избори во Босна и Херцеговина: Една промена во претседателството, старите партии го задржаа водството во ентитетите






