Пратениците расправаат по Предлог-буџетот, пред албанскиот парламент протест на опозицијата

Албанската опозиција, како што најави, доцна попладнево одржа протест пред парламентот, додека во него втор ден по ред се расправа по Предлог- Буџетот за следната година.

Протестот, кој беше организиран во знак на незадоволство од „антисоцијалниот буџет“, траеше околу часа, имаше повеќе обраќања, преполни со нареди и обвинувања на адреса на „премиерот Еди Рама, владата“, но заврши без инциденти.

Насобраните, кои споредено со други протести беа во помал број, извикуваа „разбојници“ „ослободете ја Албанија од мафијата која е на власт“, а силно беше поддржано и барањето за формирање  „техничка влада, што ќе спроведе слободни избори“.

Во одреден момент ним им се придружија и дел од опозициските пратеници,  кои потоа повторно се вратија во собраниската сала.
Протестот беше обезбедуван од големи полициски сили, во непосредна близина имаше и противпожарни и амбулантни возила, како и цистерни со вода.

И протестот и пленарната седница почнаа со едноминутно молчење во знак на почит на 14-годишното момче кое вчера попладне беше избодено со нож од негов врсник.
Расправата по Предлог-буџетот продолжува со тензични моменти, но во поблага форма од претходниот неред што го создаваше опозицијата, која иако учествува во расправата се изјасни дека нема да гласа за него.

Back to top button
Close