Празничен бран кон Грција: Гужви на преминот Богородица

Поради продолжениот првомајски викенд, се очекува значително зголемен сообраќај на граничните премини кон Грција, а најголеми задржувања се најавуваат на Богородица – Евзони, како и на преминот Дојран.

 

Според проценките, првиот бран патници започнува уште денес попладне и навечер, кога граѓаните по завршување на работниот ден ќе тргнат кон грчките туристички дестинации. Најголем метеж, сепак, традиционално се очекува во петок наутро.

Најоптоварен ќе биде преминот Богородица – Евзони, каде што се среќаваат возила од Македонија, Србија и други земји од регионот. Иако во одредени периоди задржувањата може да бидат умерени, ситуацијата брзо може да се промени и да се создадат долги колони.

Дел од патниците како алтернатива го избираат преминот Дојран, но и таму за време на празничниот викенд се очекуваат засилени гужви, особено ако повеќе возачи се пренасочат од Евзони.

За враќање од Грција, најголеми задржувања се очекуваат во недела попладне и навечер, повторно на Евзони, Дојран и Прешево.

Надлежните препорачуваат патувањата да се планираат навреме и да се следи состојбата на граничните премини, бидејќи и мала временска разлика може значително да го намали чекањето

Back to top button
Close