Предизборна престрелка во Eлбасан  , убиено едно лице и 4 ранети 

Во  градот  Елбасан во престрет на неделните парламантарни избори во Албанија  , денеска  попладне е убиен член на Социјалистичката партија додека се ратени уште 4 лица меѓу кои и еден полицаец. Албанските медиуми кои се повикуваат на извори на полицијата јавија дека  вооружениот конфликт се случил по најавите на членови на опозицијоната Демократска партија дека експонент на влаеачката Социјалистичка партија со комби возило делел пари на гражани за да гласаат за социјалистите . Во пукотниците е ранет и припадник на полицијата .

И додека претседателот на државата Илир Мета и опозицијата ја обвинија владата дека купува гласови со пари, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека оваа е акт на опозицијата организиран со цел да има нереди. ,, Загриженоста на оние кои знааат дека ке ги изгубат изборите , не треба да го  изгубеме мирот ниту довербата  бидејки  по  парламантарните избори на 25 април, албанците ке се обединат, за да ја носат напред Албанија , со победата на социјалистите  ,, пишува Рама на својот профил на  Твитер.

Во престрет на парламантарните избори во Албанија кои ке се одржат на 25 април, состојбата е повеке од тензична. До сега се евидентирани повеке инциденти , а амбасадата на САД денеска упати апел за  стопирање на тензиите . На денот на изборите албанското МВР најави ангажирање на 75оо припадници на полицијата  , со цел да се обезбедат мирни избори.

К. Мимидиноски

Back to top button
Close