Предвремени избори во Грција во мај

Владата во Атина, според грчките медиуми, првично сакала парламентарните избори да се одржат во април. Но по катастрофалната железничката несреќа и последователните протести, сега плановите се променети.

Во Грција во мај ќе се избира нов парламент, соопшти синоќа (21 март 2023) грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за Алфа ТВ. Четиригодишниот мандат на конзервативната влада истекува во јули, но се очекуваше Мицотакис да ги распише изборите веќе на почетокот на април.

По тешката железничка несреќа на 28 февруари, најтешка во историјата на грчката железница, е намалена предноста на партијата на Мицотакис, Нова демократија, во однос на левичарската опозициска партија Сириза, покажаа истражувањата на јавното мислење.

Несреќата во која се судрија патнички и товарен воз, во која животите ги загубија 57 лица, предизвика бес кај јавноста и масовни протести поради загрозената безбедност во железничкиот сообраќај.

Владата е под огромен притисок од несреќата, бидејќи многу Грци ја обвинуваат владата за лошата состојба на железничката мрежа, а со тоа и за катастрофата. Освен тоа, Мицотакис беше остро критикуван поради решавањето на несреќата – негова оставка беше барана повеќепати на демонстрациите.

На протестите по страотната железничка несреќа кај Лариса, демонстрантите во повеќе наврати бараа оставка на премиерот МицотакисНа протестите по страотната железничка несреќа кај Лариса, демонстрантите во повеќе наврати бараа оставка на премиерот Мицотакис

„Со сигурност можам да кажам дека изборите ќе бидат одржани во мај“, изјави Мицотакис во своето прво телевизиско интервју по катастрофалната несреќа кај Лариса, административен центар на грчката провинција Тесалија.

 

Back to top button
Close