Прекин на сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола, кај млин Осман
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 05:15 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола, кај млин Осман е во целосен прекин.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево






