Прекината потрагата по исчезнатото момче во Преспанско езеро поради влошени временски услови

Речиси 24 часа траеше потрагата по исчезнатото 16-годишно момче во Преспанското езеро. Засега потрагата е прекината поради влошените временски услови со ветер и бранови, јави Сител.

Потрагата ќе породолжи утре изутрина со засолување од единицата за специјални задачи. По момчето трагаа нуркачи од повеќе градови низ земјава, како и полициски специјалци.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот, кога три момчиња се возеле на педалинка. Сè уште нејасно е како едното момче паднало во езерото. Според нуркачите кои беа вклучени во потрагата ниту едно од момчињата не било пливач, а сепак не носеле заштитни елеци. Несреќата се случила на околу 400 метри од брегот кадешто водата достигнвуа неколку метри длабочина.

Според сопственикот на педалинките во Претор, Ведат Адемовски, педалинката била исправна и не се превртела, туку тој вели дека момчињата скокале од неа во водата.

 

Back to top button
Close