Премиер лигата воведува полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд
Почнувајќи од 12 април на натпреварите во англиското фудбалско првенство ќе биде воведена полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд, соопшти вечерва Премиер лигата.
Технологијата е дизајнирана да ја подобри „брзината, ефикасноста и конзистентноста при донесувањето одлука во спорните офсајд ситуации“, се вели во соопштението.
„Технологијата обезбедува поефикасно поставување на виртуелната офсајд линија, користејќи оптичко следење на фудбалерот и генерира виртуелна графика за да обезбеди подобро искуство за навивачите“, се додава во соопштението.
Првиот премиерлигашки натпревар на кој ќе се користи технологијата ќе биде дуелот меѓу Кристал Палас и Манчестер Сити на 12 април