Премиерот Христијан Мицкоски го осуди нападот врз „Инфомакс“
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во живо во емисијата „Тешки Муабети“, голем број на колеги новинари, политичари и политички партии и граѓански здруженија излегоа во јавноста со поддршка за „Инфомакс“ и осуда за нападот.
На прашање од редакцијата на „Слободен печат“, упатено кон премиерот преку владината прес-служба, за нападот од таму се огласија дека целосно го осудуваат нападот кон новинарите и редакцијата на „Инфомкас“.
Апсолутно го осудуваме ваквиот однос на поединци за кои бараме од надлежните институции до крај да ја проследат постапката. За нас слободата на медиумите и нивната независност е врвен приоритет. Ќе продолжиме да обезбедуваме простор секој медиум, без разлика на ставовите, да го ужива правото на слободно изразување без страв и притисок, одговорија од Владата на прашањето на „Слободен печат“.







